Skip to main content

Мицкоски: Новиот Институт за извоз е добра можност Стопанските комори од регионот заедно да дискутираат за регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари

„Јас се придружувам на ова што го кажа претседателот на Стопанската комора, денеска сме тука да го одбележиме почетокот на работењето на оваа нова институција, Институт за извоз.

Ценам дека како Влада секогаш сме биле, во овие месеци откако сме влада, а и претходно како опозиција, партнер на бизнисот. Така и ќе продолжиме да бидеме и во иднина, мислам дека бизнисот и Владата треба да се партнери и партнерски да соработуваат и да се надополнуваат. И тука нема ништо лошо, нити пак нешто чудно. 

Јас мислам дека само на тој начин можеме да бидеме и поконкурентни, добра е оваа можност што денеска најголемите регионални комори се тука, од регионот, заедно со нашата најголема комора, би рекол. На тој начин ќе можат заеднички да дискутираат за иднината и за сето она коешто претставува план, регионално поврзување, вмрежување и настап на нови пазари, бидејќи ценам дека, а и тоа го кажав, во моето обраќање на првиот настан дека, ценам дека полека но сигурно ќе треба заедно да се вмрежуваме и заедно да настапуваме во намерата да бараме нови пазари.

Така што, уште еднаш нека е честит денот, нека е за аирлија овој клуб, овој Институт за извоз и следниот пат кога ќе се собереме да имаме нови бројки кои што ќе бидат многу поголеми во насока на извоз и поголеми проценти раст на македонската економија, генерално.“

Поврзани вести