Skip to main content

Мицкоски: Исклучително многу вложивме во делот на земјоделието, во првиот квартал од годината извозот зголемен за речиси 5 отсто

Исклучително многу вложивме во делот на земјоделието. Кај земјоделците навистина доста трансвери се направија изминатиот период, се вратија долгови од минатото. Од ова година веќе ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските, рече премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во првиот квартал за оваа година скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена и кај останатите земјоделски производи, но исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред, но тука не застануваме, продолжуваме понатаму и убеден сум дека во периодот кој што следи ќе постигнеме уште подобри резултати бидејќи тоа ни влегува во БДП и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока а ние како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците – изјави премиерот Мицкоски.

Поврзани вести