
Изминативе 15 месеци работевме напорно. Знам дека има такви кои ќе речат дека можело повеќе, но и такви кои ќе кажат дека резултатите треба да дојдат побрзо и да не се чека многу. Но сите вие треба да знаете дека затекнавме катастрофално лоши состојби, од кои може слободно да се каже дека почнавме од темелите на државата. И работам секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо лета во облаците, туку ви велам — ова што сега го правиме, создаваме основа за нешто што ќе се гради десетина години. Промена на системот и состојбата на умот, една револуција на мислата и излегување надвор од она буре барут во кое нè потопува истото мочуруште – рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечера, на завршниот митинг во Охрид, пред локалните избори закажани за недела.
Мицкоски уште еднаш нагласи дека по изборите в о правосудниот систем ќе влезе лопатата за да се расчисти со криминалот и неправдите.
Ви говорам за период по изборите, каде ќе треба да влезе голема лопата најправин во судството и обвинителството, каде е сраснато со неправдите и штитењето на криминалот. Еден ресет на системот, без партиска или било каква поделба. Воедно сакам да ви кажам дека втората област каде непрестано ќе продолжиме да работиме е борбата за заштита на животниот стандард и економијата – рече Мицкоски.

Тој на митингот најави и дека Владата е пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари
Следната година ќе биде година на економија и повеќе пари и повисок стандард за секого. Работиме на тоа најмногу и со сите сили. И работев на тоа дури и за време на оваа кампања и не мирував. И затоа овде, од Охрид, објавувам убава вест која ќе ги израдува граѓаните, дека сме пред договор со огромна канадско-американска компанија за нова инвестиција од 150 милиони долари и за нови високоплатени 1000 работни места. . Не мирувавме и сме на прагот и на повеќе други инвестиции кои ќе значат подобар живот за сите наши сограѓани. Очекуваме во воената наменска индустрија инвестициите да достигнат повеќе од 1 милијарда долар – рече Мицкоски.