
Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ.
– Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно. Ќе почнам од себе и ќе покажам дека е можно, а ќе ги замолам и сите други да го сторат истото. Германија, како мотор на Европа, за да издржи индустриско-технолошката конкуренција со Кина и Америка, ќе ги зголеми работните часови и денови. Србија не смее и не може да прифати неодговорни идеи за скратување на работното време – напиша претседателот.

Македонски



