Skip to main content

Вучиќ: Руската ФСБ пристигна во Србија, ќе анализира дали бил употребен звучен топ на 15 март

Facebook/Aleksandar Vučić

Во Србија пристигнале експерти од Федералната служба на Руската Федерација во врска со наводната употрена на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател, јави МИА од Белград.

Александар Вучиќ нагласи дека експертите почнале работат уште од утрото.

Синоќа дојдоа луѓе од Федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Тие почнаа да работат од утрово. Ќе ќе ги видат сите уреди што ги имаме. Ќе останат овде неколку дена, мислам – седум или осум дена. А, после тоа ќе излезат со својот став за звучниот топ, рече Вучиќ.

Посетата, според него, ќе придонесе „да се разоткријат уште некои лаги“ и ќе се покаже „што користи опозицијата“ и како тие „ги мамат граѓаните“.

Премиерот во технички мандат, Милош Вучевиќ неодамна изјави дека Србија ги повикала американските и руските служби да спроведат свои истраги и да утврдат дали бил употребен звучен топ за време на протестите во Белград на 15 март.

Поврзани вести