
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена.
Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден“, соопшти Вучиќ во гостувањето во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија.
Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на октомври.

Македонски


