
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва пристигна во Париз, каде што престојува на покана на францускиот претседател Емануел Макрон – пренесуваат спрските медиуми.
Подоцна, во Елисејската палата, двајцата функционери ќе имаат работна вечера, која ја организира Макрон во чест на Вучиќ.
Претседателот Вучиќ во пресрет на средбата најави дека очекува исклучително важна и значајна средба со Макрон, со кого, како што рече, ќе разговара за сите важни геополитички, регионални и прашања од билатералната соработка и европскиот пат на Србија.
Тој нагласи дека неговата посета на Париз ќе биде кратка, но дека се надева дека потоа ќе има вести што ќе им дадат надеж на граѓаните на Србија дека може побезбедно и помирно да се соочат со претстојната зима.
Тој исто така рече дека се надева дека ќе се најде решение за Српската нафтена индустрија и дека ќе знаае што да прави во наредните месеци.

Македонски








