
Српскиот претседател изрази сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.
„Изразив искрено сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод страшната трагедија во Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
„Понудив, во име на Србија, а претседателот на Македонија прифати да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани“, додаде тој.
„Го информирав претседателот дека Србија ќе го прогласи 18 март за ден на жалост за трагедијата и изразив уверување дека народот на братска Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувале, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде начин да закрепне“, заклучи тој.