
Началникот на приемниот оддел на Ургентниот центар во Белград Владимир Арсенијевиќ вечерва изјави дека на клиниката во моментов се подготвуваат за прием на повредени пациенти од Македонија, јави МИА од Белград.
Арсенијевиќ во изјава за српски медиуми, изрази сочувство до граѓаните на Македонија.
Тој апелираше до жителите на Белград да доаѓаат во Ургентниот центар само доколку имаат итни, акутни проблеми за да можат здравствените работници да се подготват за пациентите од Македонија, како и да се грижат за итни случаи.
Српското Министерство за одбрана попладнево соопшти дека авион на српската армија со четворица лекари и четворица медицински техничари се упати кон Република Македонија за медицинска евакуација на повредени во синоќешната несреќа во Кочани. Планирано е со тој авион да се евакуираат 12 пациенти, кои ќе се лекуваат во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.