
По повеќедневна потрага, членовите на Госката служба за спасување од Сараево го пронајдоа телото на жена, идентификувана како судијка на Кантоналниот суд Сараево, која беше пријавена за исчезната на почетокот од мај.
Како што објавија локалните медиуми во средата, телото на судијката Аријана Љуца е пронајдено во вторник доцна вечерта во непристапен дел од кањонот на Миљацка, спротиводно од Сараево, на магистралиот пат Пале – Сараево
Таа беше пријавена за исчезната на 4-ти мај, а во исто време, маж што живее во областа Пале, исто така, беше пријавен за исчезнат.
Станува збор за Божо Лопатиќ од Булог, а при потрагата е утврдено дека двајцата исчезнале во исто време и на исто место, имено во близина на локалниот отпад за автомобили.
Драган Рајиќ, командант на Цивилната заштита во општина Источни Стари Град, каде што исчезнаа Лопатиќ и Љуца, рече дека повеќе од 60 припадници на Горската служба за спасување и полицијата биле вклучени во потрагата од таа страна, и дека службата на Сараевската жупанија ја презела потрагата по два дена.
Нема информации за судбината на Лопатиќ.