Skip to main content

Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска

Уште четворица пациенти кои се наоѓаа на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски” со амбулантски возила доцна попладнево се пренесени до аеродром, од каде ќе бидат транспортирани во Хрватска.

На оваа клиника имаше вкупно 29 пациенти. 

Претходно во текот на денот, директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите информира дека првата тура од двајца пациенти кои беа на респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград. 

Поврзани вести