Skip to main content

Трагедија на Дунав: Превртен чамец со кинески државјани кај Бачка Паланка, има исчезнати

Во близина на Бачка Паланка се преврте ноќеска чамец во Дунав и според неофицијални информации на РТС има и настрадани.

Во чамецот имало 11 кинески државјани.

Спасувачите се уште се во потрага по неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен.

Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за несреќата откако ќе заврши истрагата.

Поврзани вести