Skip to main content

Српските „шарени“ излегуваат на голем протест

Студентите во Србија за денеска во 16 часот најавија протест во Белград на кој ќе се приклучат и земјоделци, актери, граѓани. Тие заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.

Своето присуство на протестот го најавија земјоделците и актери како форма на поддршка за студентите.

Земјоделците, кои изминативе денови ги блокираа патиштата, а вчера зготвија гулаш за студентите во студентскиот град Нови Сад во знак на поддршка, бараат разрешување на премиерот Милош Вучевиќ, ресорниот министер и претседателот на собраниската Комисија за земјоделство.

На протестот, како што е најавено, ќе се приклучи и иницијативата „Мостот останува“, која се противи на отстранувањето на Стариот савски мост во Белград. Тие ги повикаа граѓаните да им се придружат.

Неформална група студенти од Универзитетот во Ниш најавија дека денеска исто така во 16 часот ќе организираат протестен собир на студентите и учениците, како и сите граѓани на Ниш.

Студентите во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац се во блокади, а во меѓувреме им се придружија и средношколци од голем број гимназии во Србија.

Акцијата „Застани Србијо“ ја спроведуваат секој ден, кога во 11:52 часот блокираат раскрсници 15 минути, во знак на почит кон 15-те лица кои загинаа при уривање на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom