Skip to main content

Српскиот ревизор бара разрешување на градоначалникот на Белград

Српската Државна ревизорска институција (ДРИ) во својот најнов извештај констатираше дека Градот Белград направил сериозен прекршок на принципите за ефикасно и одговорно управување. Поради ова, ДРИ упати формално барање до Собранието на Град Белград за отстранување од функција на одговорното лице – градоначалникот Александар Шапиќ.

По темелна проверка на законитоста во работењето на Град Белград, фокусирајќи се на трошоците за вработените во 2022 година, вклучувајќи ги и директните и индиректните корисници на буџетски средства, ДРИ откри недостатоци кои Градот бил должен да ги коригира.

„Иако субјектот достави Извештај за одговор за мерките што ги презеде за отстранување на неправилностите, ДРИ утврди дека за одредени неправилности не се доставени докази за нивно отстранување, поради што во постапката на ревизија го ревидираше извештајот за одговор и издаде извештај за постревизија“, се наведува во официјалното соопштение на ДРИ.

Институцијата констатираше дека Град Белград не ги санирал значајните неправилности на соодветен начин.

Во завршницата на соопштението се додава дека ДРИ го известила Народното собрание на Република Србија за сериозното нарушување на обврската за правилно работење.

Поврзани вести