Skip to main content

Српскиот министер Глишиќ доживеа мозочен удар за време на утринска емисија во живо

Гостувањето на српскиот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, во утринската програма на телевизијата Пинк заврши со нагло прекинување на емисијата, откако му се слоши додека беше во живо вклучување.

Во еден момент, Глишиќ започнал нејасно да зборува, не успевајќи да состави реченица, што предизвикало загриженост кај водителите, кои неколку пати го прашале дали се чувствува добро. Откако не добиле јасен одговор, програмата веднаш била прекината, а министерот бил итно префрлен во болница.

Според неофицијални информации, постои сомневање дека Глишиќ доживеал тежок мозочен удар. Набргу по хоспитализацијата, во болницата пристигнал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со кого министерот важи за еден од најблиските соработници.

Дарко Глишиќ е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година ја води Извршната комисија на СНС. Министерската функција ја извршува од мај 2024 година.

Во продолжение – видеото од драматичниот момент во студиото.

Поврзани вести