Skip to main content

Српската ТВ К1 за трагедијата во Кочани: Македонските власти, брзо, навремено и ефикасно работат на расветлување на случајот

Трагедијата во Кочани беше тема на дискусија во емисијата „УранакК1“ на српската телевизија К1 на новинарката Јована Јоксимовиќ, каде што новинарката јасно посочи на брзата реакција на македонските власти и изведување пред лицето на правдата на сите инволвираните лица.

Во дебатата учествуваше Државниот секретар за јавно информирање на Србија, Милош Гарич, при што водителката му посочи дека за разлика од Србија, во Македонија уште од неделата, на денот на трагичниот настан, имало итни апсења и оставки.

Од првиот ден, односно од неделата се зборуваше за корупција, централната тема кога станува збор за оваа дискотека. Дискотека без дозвола, без документи, не е ни дискотека. На толкаво ниво е проблемот кога станува збор за оваа трагедија, но имавме брзи апсења, смени, поднесување оставки, градоначалникот на општина Кочани поднесол оставка, министри, сопственик на дискотека, одговорни, оние кои требало да издадат дозвола. Мнгу брзо се добива тоа што народот гов чекува, во смисла дајте да добиеме задоволна правда. Во неделата се почна со апсења, вчера продолжија апсењата“, изјави новинарката Јоксимовиќ.

Таа направи споредба на реакцијата на македонските власти во однос на реакцијата на властите во Србија кога во Нови Сад се случи трагичниот настан со падот на настрешницата, при што додаде дека да имаше брза реакција како во Македонија немаше да има луѓе по улиците низ Србија.

Не го поврзувам со Нови Сад, туку само ја споредувам реакцијата на нивната држава со реакцијата на нашата држава. Објаснување за што биле бесни луѓето овде и некаде разбирање, па сите да бидат уапсени истиот ден никогаш на улица луѓето не би биле бесни. Така почнало. Не сте реагирале на време, Весиќ поднесе оставка после неколку дена, па тогаш се зборуваше дека треба да поднесе оставка и претходниот министер, дека треба да поднесе оставка и Јелена Танасковиќ и се тоа траење едно седум осум дена што во моментот во кој се најдовме ние се чинеше како некој начин развлекување. Немаше апсења одма. Овде кажувам, овде имавме моментални апсења од највисоки државни органи, до службеници, до приватни како се потенцијално замешани во корупција“, рече водителката.

И Државниот секретар, Милош Гарич потврди дека во Македонија, во однос на трагедијата во Кочани, надлежните брзо реагираа и брзо следеше изведување на одговорните пред лицето на правдата за утврдување на нивото на одговорност на сите вклучени, затоа што, како што додаде одговорноста беше многу јасна и видлива.

Ова што се случи во Кочани е очигледно во истата секунда, одговорноста е јасна и видлива на некој луѓе кои дозволиле да таа локација биде употребена за дискотека на потполно непримерен начин и да тука се одговорни луѓе кои тоа го овозможиле како сопственикот на таа дискотека но, луѓе кои на локално ниво одлучуваат да таков објект функционира кои не исполнува ниту еден услов за таква намена да остават на располагање и таква употреба. Така да тука потполно била јасна одговорноста“, вели Гарич.

Во емисијата гостуваше и претседателката на Асоцијацијата на новинари на Македонија, Ивона Талевска, каде во врска со трагедијата во Кочани истакна дека Владата почна со акција на терен со инспекција во секоја дискотека, ноќен клуб, кабаре и дека премиерот Мицкоски истакна дека сите ќе одговараат и ќе нема милост за административната мафија.

Акција на терен почнува денес како што најави Владата во секоја дискотека, ноќен клуб, кабаре ќе влезе инспекција да провери документи дали има целосна документација и да видат фактична состојба во тој момент во тој објект. По трагедијата во Кочани во кои 59 млади луѓе го изгубија својот живот, премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека се работи за масовно убиство дозволено од мито и корупција и дека нема да има милост за административната мафија и за оние кои се обиделе да се бранат на етничката карта.

Додека пак министерот за внатрешни работи истовремено напомена дека јавноста ќе биде згрозена кога ќе ги слушне сите детали од оваа истрага кога целиот случај ќе се расветли поради мито и корупција кои се давани за да се добие документи на незаконски начин што придонело на крајот до оваа сама трагедија“, вели Талевска.

Таа во текот на емисијата образложи и дека на сите досега 14 осомничени кои се изведени пред судот во Кочани, им од одредена и мерката притвор.

Поврзани вести