Skip to main content

Сијарто: Србија ја замени Украина како главен снабдувач со енергија за Централна Европа

arul-from-pixabay
arul-from-pixabay

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, изави дека Србија ја заменила Украина како главен снабдувач со енергија за Централна Европа

Украина го изневери регионот со затворањето на гасоводот што транспортираше природен гас од Русија до Европа. Ова ги стави земјите од Централна Европа во тешка ситуација. Затоа, наместо Украина, Србија сега обезбедува транзитни резерви потребни за снабдување со енергија во Централна Европа. Повеќе од 20 милиони кубни метри природен гас пристигнуваат во Унгарија дневно преку Србија“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи.

Сијарто додаде дека Унгарија дополнително ја проширува енергетската соработка со Србија, а нов нафтовод меѓу двете земји ќе биде завршен до 2027 година.

Поврзани вести