Skip to main content
e5Fq6yjEZEg

Се степаа пратеници во бугарскиот парламент

Редовната седница на бугарското Народно собрание денеска беше прекината откако се степаа двајца пратеници, додека седницата се пренесуваше во живо на телевизија. Поради ескалацијата на пресметката, претседателката на парламентот беше принудена да прогласи итна пауза.

Инцидентот се случи додека министерот за енергетика во оставка Жечо Станков реферираше за изградбата на нови блокови во нуклеарната централа „Козлодуј“. Во салата започна вербална расправија меѓу Гјунај Далоолу од ДПС-Нов почеток и Радостин Василев, лидер на партијата МЕЧ.

Вербалната пресметка брзо премина во физички судир. Снимките покажуваат дека Василев употребил клоци, додека Далоолу возвратил со туркање и обид да зададе удар со тупаница.

Покрај физичката пресметка, двајцата пратеници си упатиле серија навреди и закани, што целосно го попречило работењето на законодавниот дом, поради што седницата била прекината.

Поврзани вести