
Противпожарни тимови од Романија, Чешка, Словачка, Унгарија, Шведска и Франција им се придружија на бугарските колеги во гасењето на шумските пожари.
Бугарија побара помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, при што беа испратени пет противпожарни хеликоптери од Унгарија, Романија, Чешка, Словачка и Франција, како и два противпожарни авиони од Шведска.
ЕУ изразува целосна солидарност со Бугарија додека земјата се соочува со критична ситуација со шумски пожари, со повеќе големи пожари кои горат истовремено“, се наведува на Инстаграм во објава на „EU помош и одговор на кризи“, која е дел од Европската комисија.
Покрај тоа, активирана е Службата за управување со вонредни состојби Коперникус за да обезбеди мапи и да помогне во теренскиот одговор. Коперникус е програма на Европската Унија за набљудување и надзор на Земјата.
Голема благодарност до сите земји кои се приклучија во поддршката на својот сосед. Ова е европски тимски дух во својот најдобар облик, се наведува во објавата.