Skip to main content

Рама: Светскиот конгрес на правници ќе се одржи во 2027 година во Албанија

Светскиот конгрес на правници ќе се одржи во 2027 година во Албанија, што за албанскиот премиер Еди Рама е силен сигнал за доверба во напорите и достигнувањата на земјата.

Рама, кој е во дводневна посета на Мадрид порача дека ќе направат се за одлично гостопримство, додавајќи дека сака Албанија да биде високо оценета за гостопримството.

– Се разбира, ни беа кажани толку многу охрабрувачки зборови за нашата битка да ја реформираме правдата и да ја направиме Албанија горда членка на ЕУ, каде владеењето на правото еднаш засекогаш е воспоставено. Да, јас сум многу благодарен на Хавиер и неговото раководство што не само што дојдоа, туку и ги видоа и собраа сите објективни информации за нашата многу предизвикувачка, но досега многу успешна реформа, изјавил Рама.

Отворен сум за прашања, додаде, но, нагласи, морам да кажам дека тоа што Албанија ќе биде домаќин на Светскиот конгрес за правда е најохрабрувачката награда за сите напори и достигнувања.

– Исто така, ова е многу силен сигнал за доверба што доаѓа со одговорноста да се направи подобро и да се претставува земја која доаѓа од тешко минато, но преку партнерства и правилна визија може да го надмине најлошото од своето минато. Кога станува збор за градење кредибилни институции и обезбедување дека владеењето на правото е начин на живот, посочи Рама, објавија албанските медиуми.

На конгресот се очекува учество на над три илјади судии, обвинители, адвокати, од целиот свет, рече Рама по потпишувањето на договорот за организирање на „World Law Congress Albania 2027“.

– Ќе направиме се за да бидеме одлични домаќини, да го надминеме гостопримството на Доминиканската Република и многу други. Можеби заостануваме во многу работи, но бараме Светско првенство во гостопримство. Ние сме непобитни во гостопримството и тоа мора да го покажеме, порачал Рама.

За време на престојот во Мадрид остварил средба и со шпанскиот крал Филип шести, кој ја организирал средбата со членовите на Бордот на престижната меѓународна организација „World Jurist Association“.

Поврзани вести