Skip to main content

Рама по трагичната вест за тројцата американски војници: Албанија секогаш стои до САД

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше по трагичната вест дека во Литванија се пронајдени телата на тројца исчезнати американски војници.

Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека „молитвите и мислите се со семејствата на жртвите“ и додава дека „Албанија како и секогаш стои покрај САД“.

„Трагични вести од Литванија. Загубата на американските војници за време на неодамнешната воена вежба е болен потсетник за ризиците што ги преземаат оние што служат во армија. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства. Како и секогаш, Албанија стои до Соединетите Американски Држави и нивниот врховен командант“, напиша Рама.

Поврзани вести