
Албанскиот премиер Еди Рама вечерва остро реагираше откако Специјалното обвинителство во Хаг, побара по 45 години затвор за четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.
Тој објава на платформата Икс наведе дека сè уште не може да ја разбере логиката на која се потпирало Обвинителството за да излезе со такво „неразумно и неприфатливо барање“.
Пријателите од Приштина ме прашуваат зошто не проговорите за вашиот пријател, за кого денеска беше побарано 45 години затвор од обвинителството во Хаг?! Не можам да проговорам, бидејќи сè уште се обидувам да најдам од каде доаѓа логичката нишка што ја следеше Обвинителството за да излезе со барањето живи да ги погребе четворицата мажи и како никогаш досега, зборовите не ми помагаат да се изразам… Извинете, ми треба време да ја проголтам целата таа планина од измет што тој обвинител ја извади денеска во срцето на демократска Европа, наведе Рама на Икс

Македонски



