Skip to main content

Пукотница пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати

Пред израелскиот конзулат во Истанбул утринава избувна пукотница, при што три лица се убиени, меѓу нив и двајцата осомничени кои го започнале нападот, соопшти локалната полиција. Во инцидентот се повредени и двајца полицајци.

„Три лица се неутрализирани, а две од нив се осомничени за престрелката. Во пукотницата се повредени и двајца полицајци“, соопшти Полициската управа во Истанбул, пренесува „Хуриет“.

Според телевизијата НТВ, пукањето се случило во населбата Бешикташ, каде што се наоѓа конзулатот, и траело околу пет минути. Осомничените, наводно, пристигнале облечени во камуфлажни униформи и отвориле оган врз полициските службеници.

На местото на настанот се распоредени бројни полициски екипи, а турските медиуми јавуваат дека областа е обезбедена и истрагата е во тек.

Поврзани вести