Skip to main content

Поддршка во за Србите пред утрешните локални избори на Косово

На голем број места во Србија денеска се одржаа собири за поддршка на Србите на Косово, пред утрешните локални избори. Дел од собирите беа организирани од поддржувачи на властите, а други од студенти во блокадата и граѓани како поддршка на своите колеги во Северна Митровица и Србите на Косово.

Во Косово утре се одржуваат локални избори, на кои право на глас има секој на кого му се издадени документи од актуелните косовски власти.
Српските власти повикаа Србите во Косово да излезат и да гласаа на тие избори. 
Премиерот Ѓуро Мацут изјави за време на прошетката на граѓаните против блокадите дека е важно да се поддржат Србите во Косово и да бидат обединети, а не поделени.

„Мислам дека е важно да покажеме слобода во Белград и во Србија воопшто, луѓето јасно и целосно мирно да можат да покажат што сакаат и што мислат, како и да ги поддржиме нашите сонародници во Косово за претстојните избори“, изјави Мацут за белградски медиуми.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека собирите „Граѓани против блокади“ имаат неколку пораки – едната е да се прекинат блокадите и Србија да се врати во нормален живот без насилство на улиците, а другата е дека е важно да се поддржат луѓето од Косово и „против мерките што се спроведуваат против нив со цел етничко чистење“.

Помошникот на директорот на српската полицијата Владан Радосављевиќ вечерва изјави дека   собирите „За Србите на Космет, граѓаните против блокадите“ се одржале на 183 локации, на кои присуствувале околу 167.800 граѓани. Тој на прес-конференција рече дека тоа биле најголеми собири досега и на најголем број локации, и дека се организирани од Центарот за социјална стабилност.
Од друга страна, тој посочи дека се одржале 24 ненајавени собири, каде што биле присутни околу 2.300 граѓани.
„На неколку локации имаше поединечни инциденти и 19 лица беа приведени, но на јавните собири немаше нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем. Немаше повредени граѓани или полицајци“, рече Радосављевиќ.

Во Богатиќ за време на ненајавено собирање имало обид за пробивање на полицискиот кордон, во Нови Сад бил каменуван автобус и дека поставувањето полициски кордони на неколку локации спречило конфликт меѓу учесниците на јавните собири.

„Ги молам граѓаните да се воздржат од нарушување на јавниот ред и мир и од секаков вид насилно однесување. МВР, во соработка со други органи и институции, ќе преземе сите мерки за заштита, заштита на правото на граѓаните на мирно собирање, ќе се грижи за безбедноста на сите учесници. Ќе се грижиме за безбедноста на сите учесници на собирите“, рече тој.

Локалните избори во Косово се одржуваат утре и ќе се гласа во 38 општини каде право на глас имаат нешто повеќе од два милиони гласачи, кои ќе имаат две гласачки ливчиња пред себе: едното на кое ќе можат да избираат градоначалници, а другото за состав на локалните собранија. 

Според белградски медиуми, за Србите, тие избори се одржуваат во исклучително тежок момент, но во исто време, ова гласање е важно и затоа што претставува можност за српската заедница, која ги напушти локалните институции и ги бојкотираше претходните избори, да ја врати власта во четирите општини на северот на Косово каде што Србите се мнозинското население. И претставниците на Србите од Косово и властите во Белград велат дека тие избори се „судбоносни“ и од големо значење за Србите во Косово.

Поддршката од Белград, кога станува збор за српските партии на Косово, има само Српска листа, но, покрај неа, утре на гласачките ливчиња ќе бидат и партијата за слобода, правда и опстанок на Ненад Рашиќ, Српска демократија на Александар Арсенијевиќ, Српското народно движење на Милије Бишевац, косовскиот сојуз на Горан Маринковиќ, како и неколку граѓански иницијативи.

Поврзани вести