Skip to main content

Пежо влета под камион, загинаа две девојки на возраст од 22 години

Две девојки од Лазаревац на возраст од 22 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово во местото Чепелница, на автопатот Билеќа – Требиње, а фотографиите од местото на настанот покажуваат колку бил ужасен судирот.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „Пежо“ и камион. Пежото е целосно уништено во судирот, како што покажуваат фотографиите од местото на несреќата.

Сообраќајот на овој дел од патот беше во прекин.

Сообраќајната несреќа е евидентирана околу 9:30 часот наутро, на главниот пат Требиње – Билеќа кај местото Чепелица. Во сообраќајната несреќа учествувале едно камионче „Мерцедес“ и едно патничко возило „Пежо“. Според досегашните информации, две лица од патничкото возило починале од повредите. Истрагата е завршена околу 11:20 часот наутро, а ја спроведоа дежурниот обвинител на ОЈТ Требиње и полицајци од полициската станица Билеќа“, потврдија од Полициската управа Требиње.

Несреќата се случила кога автомобилот влетал под камионот.

Поврзани вести