Skip to main content

Ова се брутално убиените Македонец и Србин во Боливија: Полицијата се сомнева на конфликт меѓу нарко кланови

Screenshot

Во Санта Круз во Боливија, се убиени Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш и Дејанчо Лазаревски (43), познат како Македонец, од Струмица, како и Вања Милошевиќ од Србија, а сега се појавија фотографии од убиените Ѓекиќ и Лазаревски, објавува „Блиц“.

Медиумот „Редуно“ објави фотографии од двајца мажи за кои тврдат дека се убиените Ѓекиќ и Лазаревски.

Screenshot
Screenshot

Боливиската полиција ги пронајде нивните масакрирани тела во кујната на изнајмена куќа, откако соседите пријавија дека слушнале музика и вознемирувачки вресоци што доаѓале од неа.

Пронајдени се три тела, завиткани во црни пластични кеси, кои најверојатно биле подготвени за транспорт на друга локација. Телата во црни кеси се пронајдени во кујната. Се сомнева дека планот на убијците бил да ги транспортираат на друга локација, но дека не стигнале бидејќи полицијата влегла во куќата и го открила злосторството“, соопштиле извори од истрагата.

Полицијата уапси четворица осомничени за вмешаност во злосторството, а тие се бранат со молчење.

Боливиските истражители се сомневаат дека српските државјани и Македонецот се убиени поради конфликт меѓу нарко кланови или дека мотивот за бруталната ликвидација бил кокаин.

Поврзани вести