Skip to main content

Од 11 август: Нови правила за вадење пари од банкомати во Грција

Граѓаните кои летово се на одмор во Грција, омилената летна дестинација, ќе имаат придобивки од новите правила што стапуваат на сила од 11 август и се однесуваат на користењето на банкомати. Со овие измени, значително се намалуваат трошоците за провизии при подигање готовина.

Измените, предложени од министерот за национална економија и финансии на Грција, Киријакос Пјеракакис, предвидуваат укинување на одредени надоместоци и поставување горни граници за други, со што ќе се намалат трошоците за граѓаните.

Што точно се менува:

Без провизија во општини со само еден банкомат
Во општините и нивните населени места каде што постои само еден банкомат – без разлика дали е сопственост на банка или приватна фирма – нема да се наплатува провизија при подигање пари. Ова овозможува бесплатно користење на банкомати таму каде што нема други алтернативи.

Бесплатно подигање пари помеѓу грчки банки
Корисниците на картички издадени од грчки банки што се дел од меѓубанкарскиот систем „Дијас“ (како Eurobank, Piraeus Bank, National Bank, Credia, Optima) ќе можат да подигаат пари од банкомати на други грчки банки без да плаќаат провизија. Ова не се однесува на картички издадени од странски банки, ниту на картички од системот VIVA.

Без провизија кога банката има врска со сопственикот на банкоматот
Кога банкоматот е во сопственост или управуван од фирма со која банката има деловна или сопственичка поврзаност, нема да се наплатува надоместок за подигање пари. На пример, ако банкоматот е од компанијата Cashflex, а картичката е од Piraeus Bank, поврзаноста меѓу нив овозможува бесплатна услуга.

Провизија најмногу до 1,5 евро во други случаи
Ако корисник на грчка картичка подигнува пари од банкомат на независен оператор (на пример Euronet, Cashflex), а нема деловна врска со издавачот на картичката, највисоката дозволена провизија е 1,5 евро по трансакција. Ова ограничување не важи за странски картички – кај нив важи политиката на домашната банка, без горна граница.

Дополнителни олеснувања
Новите правила овозможуваат и бесплатен увид во состојбата на сметката, како и подобра координација меѓу банките и операторите на банкомати при трансфери на средства.

Поврзани вести