Skip to main content

Нов земјотрес го погоди Санторини, најсилен досега, над 10 илјади луѓе го напуштија островот

Санторини синоќа беше погоден од силен, плиток земјотрес со јачина од 5,3 степени, најсилниот што го погоди грчкиот остров за време на неодамнешната сеизмичка активност во областа. Земјотресот бил почувствуван и во Атина, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри, јавува Би-Би-Си.

Санторини доживува сеизмичка активност од минатиот месец, а сеизмолошката лабораторија на Универзитетот во Атина забележала повеќе од 12.800 земјотреси. Некои жители патролираат во опасните области за да ги спречат туристите да се искачат на карпите и да фотографираат.

Поради зачестеноста и јачината на земјотресите, во многу делови на Санторини имало лизгање на земјиштето, а експертите не ја исклучуваат можноста за уште посилен земјотрес. Иако сеизмолозите беа оптимисти дека интензитетот на земјотресот ќе почне да се намалува, сега се загрижени дека ситуацијата се влошува.

Вонредната состојба во Санторини ќе остане на сила најмалку до 3 март, јавува Би-Би-Си.

Поврзани вести