
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, порача дека Црна Гора го почитува правото на граѓаните на Гренланд на самоопределување, како и нивната одлука да бидат дел од Данска
Очекувам Владата на Црна Гора да заземе јасни и конзистентни ставови за ова и други важни геополитички прашања“, рече претседателот на Црна Гора
Ваквата изјава на Милатовиќ доаѓа во врме на спротивставени ставови меѓу Соединетите Американски Држави и земјите од Европската Унија во врска со статусот на Гренланд. Тоа несогласување е еден од најголемите предизвици со кои се соочува НАТО од неговото основање, првенствено поради неговиот внатрешен карактер.
Црна Гора, како најнапреден кандидат за членство во Европската Унија, постојано ја усогласува својата надворешна политика со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Според тоа, нашата земја го почитува правото на граѓаните на Гренланд на самоопределување, како и нивната одлука да бидат дел од Кралството Данска“, изјави Милатовиќ.

Македонски




