Skip to main content

Марта Кос осомничена за стари врски со југословенските разузнавачки служби – можна е нејзина оставка

Printscreen / Youtube / Влада

Европската комесарка за проширување, Словенката Марта Кос, е осомничена дека имала врски со разузнавачките служби на поранешна Југославија, а некои членови на Европскиот парламент веќе бараат нејзина оставка.

Новинарите во оваа пригода ја прашаа Европската комисија дали Кос може да поднесе оставка доколку се потврдат наводите за овие врски и тврдењата дека погрешно ја претставила својата биографија.

Според словенечкиот телевизиски новинар Игор Јуриќ, во Брисел е објавено дека Комисијата ќе даде одговор во брифинг, додека во меѓувреме во Европскиот парламент е презентирана книга во која Кос е обвинета за соработка со југословенските разузнавачки служби.

Поврзани вести