Во Хрватска на повик на платформата „Ало, инспекторе“ од вчера се одвива најавениот неделен бојкот на трговските синџири „Лидл“, „Еуроспин“ и „ДМ“ и три производи – Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергенти за миење садови.
Денеска е општ бојкот на се. Платформата „Ало, инспекторе“, која ги организира бојкотите, ги повикува потрошувачите денеска да не купуваат ништо никаде.
-Еднодневен бојкот. Од се. Денеска ништо не купуваме. Ниту физички, ниту онлајн. Ништо не плаќаме, напишаа тие.
И во Црна Гора денеска започна еднодневен бојкот на големите маркети, на кој повикаа невладините организации и синдикатот, поради високите цени на храната.