Skip to main content

КФОР: Косовските безбедносни сили не смеат на север без наша дозвола

КФОР потврди дека секое распоредување на косовските безбедносни сили (КБС) на северот на Косово бара претходно одобрение од командантот на КФОР, врз основа на договорот меѓу НАТО и Приштина од 2013 година.

КФОР за медиумите во Приштина изјави дека мисијата го поздравува континуираното почитување на оваа обврска од страна на Приштина, како и последните гаранции добиени во писмена форма од министерот за одбрана на привремените институции, Ејуп Македончи, за овој договор.

„Согласно договорот НАТО-Косово, за секое преместување на КБС на северот на Косово потребно е претходно одобрение од командантот на КФОР. Го поздравуваме континуираното почитување на оваа посветеност и последното писмено уверување, кое го одразува редовниот дијалог на КФОР со претставниците на безбедносните организации во Косово и косовските институции, вклучително и г. Македончи“, се наведува во одговорот на КФОР, пренесува Коха.

Се додава дека транспарентната комуникација и навремената координација се клучни за одржливата безбедност на Косово и за регионалната стабилност. КФОР не соопшти детали од писмото на Македончи.

Медиумите во Приштина претходно објавија дека владата на Приштина испратила писмо до КФОР во кое гарантира дека нема да испрати КБС на север без дозвола на КФОР, пренесува Танјуг.

Поврзани вести