Skip to main content

Грчката влада загрижена поради случувањата на Блискиот Исток

Портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, по вонредниот состанок на владиниот совет за национална безбедност што попладнево го свика премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, порача дека официјална Атина со загриженост ги следи случувањата за кои постои опасност од сериозна ескалација во регионот.

Грција ги повикува страните да покажат воздржаност и да не продолжат со понатамошна ескалација што ќе предизвика поширока дестабилизација, изјави Маринакис, пренесува дописничката на МИА од Атина.

Според Маринакис, на состанокот биле оценети последните случувања на Блискиот Исток, а шефот на грчката дипломатија информирал за ситуацијата и за помошта за грчките граѓани кои се во Израел и Иран.

Цврстиот став на Грција е дека решенијата треба да се бараат преку дипломатија. Грција ќе продолжи да работи во оваа насока со партнерите и сојузниците во корист на стабилноста и безбедноста во поширокиот регион, соопшти портпаролот на грчката Влада.

Поврзани вести