Skip to main content

Големо невреме во Словенија, Љубљана во мрак

Западна Словенија, по должината на границата со Италија, вчера попладне беше погодена од силна бура што се движеше кон исток во попладневните часови.

Невремето го погоди подрачјето на Бовац и Кобарид, а потоа се движеше кон Крањ и Камник. Во Љубљана, силните ветрови со кратки врнежи од дожд кршеа гранки и предизвикаа штета на некои згради.

На подрачјето на главниот град на Словенија, повеќе од 6.000 корисници останаа без електрична енергија, најмногу во областите Хорјул, Полхов Градец, Домжале, Литија и Грошупље.

Силниот ветер корнел дрвја и на други места, а поради дрвја на патот, сообраќајот е во прекин на автопатите Долењска и Приморска, како и на јужната и западна Љубљанска обиколница, соопшти сообраќајниот информативен центар, повикувајќи ги возачите да бидат претпазливи.

Бурата се движи кон Штаерска, а според метеоролозите, веројатно ќе ослабне по патот.

Невремето зафати и делови од Хрватска.

Агенцијата за заштита на животната средина издаде портокалово предупредување за западната половина од земјата, централна Словенија и југоистокот на земјата поради бури.

Поврзани вести