
Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“, во предел кај Пустец.
Пожарникари од општина Пустец, други сили од јавните служби, граничната полиција се на терен, со цел да го спречат ширењето на пожарот. Но, ситуацијата е критична поради високите температури и ветерот кој го распламтува огнот, објави Топ чанел.
Пожар од големи размери, на Сува Планина во националниот парк „Преспа“ имаше и на почетокот на август минатата година, кога беше опожарената површина над 300 хектари. Се закануваше да стигне до граничниот премин „Горица“ и до селото Горна Горица, а во гаснењето се вклучија и македонски хеликоптери.
Според Министерството за одбрана на Албанија состојбата со пожарите во земјава е загрижувачка бидејќи пожари има од југот до северот на земјата.
Моментно има 17 активни пожари и продолжува работата за нивно изолирање и гаснење. На терен се распоредени над 1.000 воени и цивилни сили, заедно со 5 хеликоптери од армијата, како и еден од Унгарија, а од попладнево и два канадера од Италија и Хрватска, објави Пирот Венгу, министер за одбрана.