Skip to main content

Голем пожар во близина на Сплит

Фејсбук профил на Маријна Пуљак
Фејсбук профил на Маријна Пуљак

Ноќеска, малку пред три часот, голем пожар избувна во близина на Јесенице, населба во општина Дуги Рат во Хрватска.

Ова за „Слободна Далмација“ го потврдија од Окружниот противпожарен оперативен центар во Сплит.

Видеата од социјалните мрежи го покажуваат пожарот како се шири на ридот над куќите и пожарникарите како се обидуваат да ги одбранат зградите од пламенот.

Хрватскиот весник наведува дека на терен има 133 пожарникари со 44 возила.

Поврзани вести