
Во чест на Денот на независноста на Македонија во центарот на Загреб фонтаната беше обоена во боите на македонското знаме.
Македонскиот КИЦ во Загреб истата вечер во чест на Денот на независноста го отвори првиот патувачки ФЕСТИВАЛ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМ, не само како културен настан, туку како чин на славење на вековниот сон за создавањето на сопствена држава и за славење на светлината која што стана уметност.