Skip to main content

ЕУ амбасадори: БиХ може да изгуби 100 милиони евра ако не ја достави реформската агенда

Фото: МИА архива

Амбасадорите на седум држави од неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ денеска ја повикаа Босна и Херцеговина (БиХ) итно да ја достави конечната верзија на Реформската агенда до Европската комисија, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик земјата да изгуби 100 милиони евра од Планот за раст на ЕУ.

Според планот, БиХ треба да добие повеќе од една милијарда евра за развој на инфраструктурата до крајот на 2027 година.

Советот на министри на БиХ на 28 јуни го усвои нацрт-документот за агендата и остави рок од 45 дена за нејзино усогласување, иако рокот од ЕУ е значително пократок.

Претходно, БиХ двапати испраќаше верзии на агендата во Брисел, но тие беа вратени како нецелосни. Главни пречки и натаму се две мерки кои ги одбива Република Српска – почитување на одлуките на Уставниот суд на БиХ и пополнување на судот со судии од РС, како и укинување на ентитетското вето во Советот за државна помош.

И покрај одредени позитивни сигнали, амбасадорите побараа финалниот документ да биде доставен во „следните часови“, предупредувајќи дека во спротивно средствата ќе бидат прераспределени кон други партнери од регионот. 

Поврзани вести