Skip to main content

Еди Рама бара смени во општина Тирана

Албанскиот премиер Еди Рама на состанокот зад затворени врати,  со сите министри и раководителите на општина Тирана,  ги критикувал за нивната работа и слабите резултати.

Побарал нивна смена и замена со други човечки ресурси кои ќе го преземат управувањето со различни сектори до изборите на нов градоначалник, по апсењето на Ерион Велиај,  но без да даде јасен рок за нивниот развој.

Се дознава дека ќе има реорганизација врз основа на структурата предложена од компанијата на Тони Блер, која ќе се примени и во другите општини. 

„Во соработка со Институтот Тони Блер е замислена нова организациска структура за Општина Тирана, која ќе важи и за други општини, за зајакнување на основните столбови на доброто локално управување”, напиша Рама на Фејсбук.

Според него Општина Тирана ќе има 5 заменици – градоначалници, наместо четири колку што општината имаше до сега. За нивен избор ја задолжил групата составена од тројца министри.

Деновиве Рама побара заминување на замениците – градоначалници во сите општини, како и администраторите на административните единици во земјата.

– Доста спиеја и одмараа, не покажаа никаков резултат. Мора да си одат, рече Рама.

Поголем број од нив веќе имаат поднесено оставки, освен во општините каде градоначалниците се од опозицијата.

Поврзани вести