Skip to main content

Два земјотреса во околината на Призрен

Земјотрес со интензитет од 3,9 степени рано утринава ја погоди околината на Призрен, а два часа по првиот се случи и вториот земјотрес со интензитет од три степени.

Првиот земјотрес се случи во 00:46 часот, а вториот нешто пред 03:00 часот, на 20 односно на девет километри од Призрен.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC) претходно објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 4,2, а вториот 3,2 степени според Рихтеровата скала, првиот на 19 километри од Призрен, вториот во Драгаш на седум километри од Призрен.

Поврзани вести