
– Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека во РС и Србија се спроведува, како што наведе, антибирократска револуција, чија цел е да се пресмета со демократски избраните претставници на РС и Србија.
„Антибирократската револуција што се спроведува во Србија и Република Српска подразбира пресметка со демократски избраните претставници на властите на Србија и Република Српска. Целта е да се дестабилизираат институциите на Србија и Република Српска“, рече Додик на прес-конференција по средбата со заменик-премиерот на Србија во оставка, Александар Вулин.
Тој истакна дека РС е „посветена на мирот и дијалогот“ и дека сака сите во РС да се чувствуваат безбедни.
„РС и Федерацијата Босна и Херцеговина треба да разговараат за сите важни теми. Дојде време да се оддалечиме од времето кога меѓународниот интервенционизам ги решаваше проблемите“, оцени Додик.