Skip to main content

Додик: Интерпол повторно одби да распише потерница по мене

x-milorad-dodik
x Милорад Додик

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави денес дека Интерпол со повторното одбивање да распише меѓународна потерница по него јасно порачува дека станува збор за политички прогон и истакна дека е задоволен од таа одлука.

„Беше доволно и првиот пат кога Интерпол порача дека не станува збор за криминал, туку за политички прогон и порача да се откаже од тоа, но тие продолжија понатаму. По ова не знам што уште би можеле да направат“, кажа Додик за РТРС.

Тој кажа дека е задоволен од одлуката.

„Можам да бидам задоволен од фактот што многу земји не прифатија такво нешто. Единствената организација во светот која се бави со прогон на криминалци е Интерпол. Ако тие велат дека тоа е политички процес, тогаш тоа е точка, но не и за политичко Сараево, кое ќе се обиде да најде некоја нова можност за да ја одржи таа тема во живот“, кажа Додик.

Поврзани вести