Skip to main content

Десет болни и повредени деца од Појасот Газа пренесени во Атина

Десет болни и повредени деца од Појасот Газа, кои претходно биле хоспитализирани во грчката болница во Каиро, со специјален лет биле пренесени во Атина каде што ќе го продолжат лекувањето, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „медицинската евакуација на децата од Појасот Газа“ е на иницијатива на министерот за надворешни работи и во организација и координација на Министерството, додека пак за транспортот бил активирани механизмот за цивилна заштита на Европската унија, Светската здравствена организација и египетските власти.

Пациентите и нивните придружници пристигнале во Грција со специјален лет на грчката компанија „Ејџиан ерлајнс“, а ќе бидат хоспитализирани во медицински установи во земјата, додека нивните придружниците ќе бидат сместени во објекти на Министерството за миграција и азил.

За конкретната операција, како што соопштија од грчкото МНР, интензивно работеле Министерствата за здравство, климатски кризи и цивилна заштита, миграција и азил и Итната медицинска помош.

Поврзани вести