
На социјалните мрежи е објавено видео од Скадар на кое се гледа како властите експресно реагираат кога граѓаните не се грижат за хигиената во градот.
На видеото може да се види еден граѓанин со две црни кеси полни со ѓубре, се приближува до неколку контејнери, но кесите со ѓубре ги остава покај, наместо во контејнерите.
Кога човекот почнува да се одалечува од контејнерите, на лице место се појавува полициско возило од кое излегува полицаец и веднаш му наредува на граѓанинот да се врати до контејнерите, да ги подигне кесите од земја и да ги фрли таму каде што им е местото.
Пример од кој треба сите да извлечеме заклучок.

Македонски






