Skip to main content

Aвион од Дубаи со српски граѓани слета во Белград

Авион на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати со српски државјани слета на аеродромот во Белград во 6:17 часот утрово. Меѓу патниците имаше и странци.

Александар Сеничиќ, директор на Националното здружение на туристички агенции на Србија ЈУТА, за РТС изјави дека денес се очекуваат уште два лета од Дубаи – еден чартер и еден редовен – што дава надеж дека воздушниот сообраќај постепено ќе се нормализира.

„Според најавите од аеродромот, денес очекуваме уште два лета од Дубаи. Значи, едниот е, мислам, приватен чартер лет, треба да пристигне во Белград околу два часот денес, а другиот е редовен лет, исто така треба да полета од Дубаи околу девет или девет и пол вечерва“, рече Сеничиќ.