
Албанија е европски шампион во производство на обновлива енергија, со 99,3 проценти, по што следува Норвешка со 99,1 отсто, објави албанската владина Агенција за медиуми и информации (MIA- Media and Information Agency).
Овој показател е важен факт, во време кога енергетските предизвици се од витално значење на нашиот континент, а управувањето со ресурсите е приоритет на самата Европска Унија.
Албанија и Норвешка водат со речиси 100 проценти производство на електрична енергија од обновливи извори, додека просекот на ЕУ е 42 отсто“, наведува Агенцијата.

По Албанија и Норвешка, Данска е рангирана со 88,6 проценти, Луксембург со 87,4 и Португалија со 78,6 отсто.