Skip to main content

19-годишна Србинка загина при пад со парасејлинг во Будва

Freepik

Деветнаесетгодишна девојка од Србија го загуби животот денеска во Будвa при несреќа за време на парасејлинг. Според црногорските медиуми девојката паднала од висина од околу 50 метри во морето. Таа се откачила од сајлата со која била прикачена за падобранот.

Како што пишуваат тамошните медиуми девојката била извлечена од водата и со брод пренесена до градската марина, но екипата на итна медицинска помош по пристигнувањето можела само да констатира смрт.

Полицијата врши увид, по што се очекуваат повеќе информации за причините што довеле до оваа трагична несреќа.

Поврзани вести