
Околу 180 учесници од Прилеп, Битола, Велес и Скопје од 5 до 80 години беа дел од уникатното одбележување на Богојавление Водици на Плетварското езеро кај Прилеп. По петти пат спортисти ентузијасти го организираа осветувањето на водата во езерцето во кое влегоа учесниците. Целта на манифестацијата која станува традиционалне е изворно зачувување на традиците од пред повеќе од 2 000 години.
Овој настан го започнавме осуммина спортисти – ентузијасти од Прилеп уште кога беше пандемијата. Сакавме традицијата да не се прекинува и да биде онака како кога Исус Христос влегол во осветените води на реката Јордан и бил крстен од Јован Крстител. Најмладиот учесник има 5 години, а највозрасниот речиси 80 и се пријавија, не само од Прилеп, туку и од Битола, од Велес и од Скопје. Имавме и многу посетители, околу 800. Езерцето е замврнато, ама ние го оформивме крстот и влеговме во осветените води. Езерото е на надмоска височина од речиси 1000 метри, изјави Дарко Неданоски, спортист-ентузијаст од Прилеп.

На настанот се делеа топли напитоци, а имаше хуманитарен карактер. Се донираше за лекување во странство на петгодишно девојче.