Skip to main content

Три ер трактори се вклучуваат во гаснењето на пожарот во Сопиште

Три ер трактори се подготвуваат за полетување кон пожарот на територијата на општина Сопиште, зад планината Водно – соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. 

На пожарот интервенираат пожарникари од БППЗ, а се упатени и четири пинцгауери на ДЗС. 

Попладнево пожар избувна и во скопско Влоково, каде гореше ниска вегетација, и тој постепено се става под контрола. 

Анеглов информира дека исто така е изгаснат и поголем пожар што изби во близина на Јажинце и тоа благодарение на брзата интервенција на тетовските пожарникари, локалното население и полицијата.

Фото: МИА Архива и Стојанче Ангелов 

Поврзани вести