Skip to main content

Полскиот премиер Туск најави суспензија на барањата за азил на мигрантите

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека неговата влада привремено ќе го суспендира правото на мигрантите кои пристигнуваат во Полска преку границата со Белорусија да аплицираат за азил.

Туск ја објави одлуката за усвојување на контроверзниот закон потпишан од полскиот претседател Анджеј Дуда, кој ќе им овозможи на полските власти да го суспендираат правото на азил до 60 дена, јави Би-Би-Си.

Дуда рече дека промените се потребни за да се зајакне безбедноста на границите на земјата.